• четврток, 26 декември 2024

ДЗС: Попишувањето се одвива со нормален интензитет, граѓаните имаат доверба во попишувачите

ДЗС: Попишувањето се одвива со нормален интензитет, граѓаните имаат доверба во попишувачите
Скопје, 11 септември 2021 (МИА) –  Попишувањето се одвива со нормален интензитет и темпо, а граѓаните се поттикнати и имаат доверба во попишувачите, информираат од Државниот завод за статистика. Посочуваат дека при спроведување на големи акции, со користење на високософистицирана технологија, нормална е појавата на технички проблеми. -Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности. При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок, соопшти ДЗС. Од ДЗС воедно истакнуваат дека зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им стои на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем.свс/вј/

Остани поврзан