ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
- Под целосна контрола е пожарот, кој избувна попладнево на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки и поголема количина на расфрално ѓубре низ опожарениот простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Под целосна контрола е пожарот, што избувна попладнево на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки и поголема количина на расфрално ѓубре низ опожарениот простор, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов очекува пожарот набрзо да биде целосно изгаснат.
- Екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) веднаш излегоа на терен, но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето, изјави Ангелов. мд/вј/
Фото: МИА архива