• понеделник, 23 декември 2024

Де Сантис прогласи вонредна состојба во делови на Флорида поради поплави

Де Сантис прогласи вонредна состојба во делови на Флорида поради поплави

Вашингтон, 13 јуни 2024 (МИА) - Гувернерот на Флорида Рон де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа каде што живеат повеќе од осум милиони луѓе.

Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесоа британските медиуми.

Не се очекува бурата да стане тропска бура, но прогнозите покажуваат дека следната сезона ќе има голем број урагани.

Меѓународниот аеродром во Мајами и меѓународниот аеродром Форт Лодердејл-Холивуд вчера откажаа или одложија рекордни 1.200 летови, а проблемите со воздушниот сообраќај се очекува да продолжат и во остатокот од работната недела, јавува Си-Ен-Ен, кои додаваат дека дождот се уште е корисен поради сушата, која зафаќа половина од Флорида. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан