Де Бур пред отказ по елиминацијата на Холандија во осминафиналето на ЕВРО 2020
- Репрезентацијата на Холандија вчера загуби од Чешка (0:2) во осминафиналето на ЕВРО 2020, пораз којшто може да го чини отказ селекторот Франк де Бур.

Амстердам, 28 јуни 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Холандија вчера загуби од Чешка (0:2) во осминафиналето на ЕВРО 2020, пораз којшто може да го чини отказ селекторот Франк де Бур.
Многу членови на Фудбалскиот сојуз на Холандија с еразочарани од овој резултат, па Де Бур со голема веројатност ќе биде разрешен од функцијата, пишува новинарот Николо Шира.
Педесет и едногодишниот Де Бур ја презеде репрезентацијата на Холандија во септември 2020 година. зс/