• вторник, 24 декември 2024

Де Бруин стана четвртиот Белгиец со 50 гола во Премиер лигата

Де Бруин стана четвртиот Белгиец со 50 гола во Премиер лигата
Манчестер, 6 март 2022 (МИА) - Кевин де Бруин стана четвртиот Белгиец со 50 голови во Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Манчестер сити беше двоен стрелец вечерва во дерби-триумфот со Манчестер јунајтед (4:1). Неговиот прв гол беше 50-ти во Премиер лигата, вториот - 51-ви. Покрај погодоците во 5. и 28. минута, Де Бруин беше и асистент при третиот гол на Сити што го постигна Ријад Марез во 68. минута. Марез се запиша уште еднаш во листата на стрелците во 90+2. минута. За Јунајтед погоди Џејдон Санчо во 22. минута. Манчестер сити со 69 бодови е лидер на табелата пред Ливерпул кој има 63 и натпревар помалку. зс/

Остани поврзан