• среда, 25 декември 2024

„Дејли Телеграф“: АТП може да ги укине поените од турнирите во Британија

„Дејли Телеграф“: АТП може да ги укине поените од турнирите во Британија
Лондон, 11 мај 2022 (МИА) - АТП одлучува за укинување на сите ранг-поени на турнирите во Обединетото Кралство, пренесува лондонски „Дејли Телеграф“.
Најпрестижниот грен-слем турнир во светот на тенисот, Вимблдон, донесе одлука да не им дозволи настап на тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија на овогодинешното издание.
Тоа се коси со одлуките на АТП и ВТА да им дозволи настап на овие спортисти, но под неутрално знаме, односно без државни обележја. Ова би значело дека играчите би можеле да се натпреваруваат само за награда во форма на пари, без притоа да заработат поени за рангирање, а познато е дека грен-слем турнирите им носат најголем број на поени на тенисерите и тенисерките, односно победникот добива 2 000 поени, со што многумина сега може да бидат во искушение да играат на други турнири. Во овој момент, за ваква одлука се шпекулира само во извештаите на медиумите, но АТП и ВТА треба наскоро да го изразат својот став, бидејќи тенисерите треба да ги финализираат плановите за следните месеци. ар/сп/

Остани поврзан