• среда, 25 декември 2024

Дејвид Лами е назначен за нов министер за надворешни работи на Велика Британија

Дејвид Лами е назначен за нов министер за надворешни работи на Велика Британија

Лондон, 5 јули 2024 (МИА) - Новиот британски премиер Кир Стармер денеска го назначи Дејвид Лами за министер за надворешни работи на земјата, Џон Хили за министер за одбрана, а Ивет Купер за министер за внатрешни работи, објавија британски и американски медиуми.

Лами и Хили рекоа дека ќе продолжат со поддршката на земјата за Украина во конфликтот со Русија и дека ќе се залагаат за прекин на огнот во Појасот Газа.

Рејчел Ривс е назначена за канцелар на финансии во новата лабуристичка влада - првата жена на оваа функција. Поранешниот економист на Банката на Англија ќе мора да го исполни ветувањето на партијата дека ќе постигне економски раст и ќе ги зголеми инвестициите во јавните услуги, а истовремено ќе се справи со огромниот должнички проблем на земјата.

Кир Стармер води влада која е етнички поразновидна и со поголемо присуство на жени од кога и да било, по одлучувачката победа на неговата Лабуристичка партија на општите избори во Британија вчера, пренесе БТА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан