• сабота, 28 декември 2024

Дејвид Гир за референдумот: Сè што води назад и ги попречува евроинтеграциите треба да се избегнува

Дејвид Гир за референдумот: Сè што води назад и ги попречува евроинтеграциите треба да се избегнува
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува, вели евроамбасадорот Дејвид Гир за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија. - Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање, вели Гир во интервју за 360 степени. Според него, Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Тој потсетува дека „добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ неколкупати кажа дека Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се имплементираат во добар дух од сите“. Во контекст на скрининг-процесот, амбасадорот на ЕУ зборува за потребата од запазување на моментот со јулското отворање на преговорите, за обединување на сите домашни сили и фокусирање на заедничката цел – зачленување во ЕУ што поскоро. вг/са/

Остани поврзан