• среда, 27 ноември 2024

Децата од велешките градинки вклучени во Европската Недела на мобилност

Децата од велешките градинки вклучени во Европската Недела на мобилност

Велес, 8 септември 2023 (МИА) - Децата и вработените на OJУ Детска градинка „Димче Мирчев“ со низа активности се вклучени во Европската недела на Мобилност која ја организира Општина Велес од 16 во 22 септември. Во рамки на одбележувањето, денеска во кругот на градинката „Сонце“  децата возеа велосипеди, вежбаа со пилатес топки и танцуваа шпански игри со богата програма на отворено.

Во кругот на градинката тие се преставија пред Амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Хозе Луис Лозано Гарсија на кого му врачија благодарница и врамен цртеж изработен од децата за донираните топки за пилатес и други спортски реквизити. Останатите спортски реквизити и велосипеди ги добија од другите спонзори вклучени во Европската Недела на Мобилност што ја организира Општина Велес.

Програмата ја отвори директорката на јавната детска установа, Маја Велиновска, која информира дека градинката неколку години е вклучена во програмата за „Социјална кохезија и културен дијалог“ во Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, која е дел од националната програма „За ран детски развој“.

- Со тоа промовираме здрав начин на живот  и здрави навики. Во оваа насока е и целта на Европската недела на Мобилност што секоја година се одржува третата недела од септември под мотото да ја зачуваме енергијата. Сите тие активности имаат за цел да ги смират детското тело и ум, да го подготват детското тело за учење и совладување на нови вештини применувајќи вежби за истегнување и правилно дишење, потенцира Велиновска.

Таа информира дека градинката во овие рамки на оваа недела има бројни активности од промоција на спорт, преку работилници и обуки, до велосипедски тури и промоција на немоторизираните начини на транспорт.

Изминатата сабота пеку креативно – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев” започнаа активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2023 која ќе трае до 22 септември.

Преку игра, песна и спортски активности, најмладите од градинката во придружба на своите родители и членови на своите семејства подготвија работилница на која пред присутните укажаа на потребата од активно користење на велосипедот како алтернативно превозно средство во секојдневниот живот, но и на потребата од подигнување на свеста за зачувување на животната средина.

Настанот се одржа на спортскиот терен на Градскиот стадион „Зоран Паунов” во Велес во соработка со Спортската академија „Јуниор” од Велес.

Европската Недела на мобилност ќе биде затворена во четврток во 10 часот во Детската  градинката „Димче Мирчев“ во објектот  „Сонце“ со богата програма приредена од децата. ад/ар

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан