• среда, 25 декември 2024

Деулофеу аут од терените за 8 месеци

Деулофеу аут од терените за 8 месеци
Ватфорд, 3 март 2020 (МИА) - Крилниот играч на Ватфорд, Жерард Деулофеу има сериозна повреда по натпреварот со Ливерпул. Шпанецот има скинати лигаменти на коленото, како и искинат менискус. Ова значи дека тој ќе мора да биде подложен на операција и периодот на опоравување ќе биде помеѓу шест и осум месеци. Ова е прилично непријатна вест за менаџерот на Ватфорд, Најџел Пирсон, кој се потпираше на Шпанецот за да им помогне на „стршлените“ во битката за опстанок. „На негово и наше жалење, резултатите од скенерот покажаа дека тој ќе биде отсутен до крајот на сезоната. Сигурно ова ќе биде голем недостаток за нас, но важно е да остане позитивно настроен. Без да го кажувам тоа, јасно е дека ќе го поддржиме Џери на секој можен начин“, рече Пирсон. Дулофеу беше привлечен во Ватфорд во 2018 година за 13 милиони евра од Барселона. Тој има 70 натпревари и 17 голови на своја сметка на тимот. Покрај тоа, тој има 4 натпревари за репрезентацијата на Шпанија.

Остани поврзан