• понеделник, 23 декември 2024

Детските права денеска во фокусот на КОП28

Детските права денеска во фокусот на КОП28

Дубаи, 8 декември 2023 (МИА) - Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени - КОП28 (COP28) го посветува денешниот ден како Денот на младите, децата и вештините, соопшти УНИЦЕФ.

Децата се исклучително ранливи на загадување и климатски промени, бидејќи се несразмерно погодени од ефектите од катастрофи, деградација на животната средина и климатската криза. Сепак, триесет години по потпишувањето на Рамковната конвенција, потребите, правата и перспективите на децата речиси целосно отсуствуваат од климатската политика, акција и инвестиции на сите нивоа. Ова треба да се промени, нагласуваат од организацијата. ссм/

фото: КОП28

 

 

Остани поврзан