• среда, 25 декември 2024

Детска колонија во Вински музеј Кавадарци, парите од продадените цртежи во хуманитарни цели

Детска колонија во Вински музеј Кавадарци, парите од продадените цртежи во хуманитарни цели

Кавадарци, 16 јули 2024 (МИА) - Детска колонија се реализира вечерва во дворот на Винскиот музеј Кавадарци. Осумдесетина дечиња сликаат дела под менторство на ликовни уметници педагози и вработени во Музејот. Настанот е резултат на заедничката соработка меѓу оваа културна установа и Здружението на кавадаречки уметници, „Роднокрајци“.

Цртежите од изложбата утревечер ќе бидат презентирани на градскиот плоштад. Изложбата ќе биде од хуманитарен карактер, а парите од продадените цртежи ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

- Вински музеј континуирано организира голем број на настани за сите генерации. На тој начин ја презентираме историјата, културата и традицијата на овие простори. Истовремено, со хуманитарниот карактер на настанот, упатуваме порака до пошироката заедница, да се следи нашиот пример и да се помогне, таму каде што е неопходна поддршка, нагласи за МИА, Анета Атанасова, в.д директор на Музејот. 

Според претседателот на „Роднокрајци“, Ќиро Јосифо, Кавадарци е расадник на млади ликовни таленти и дека секогаш им даваат поддршка на младите во изразување на нивниот уметнички израз.

Колонијата е финансиски поддржана од локалната самоуправа и е во рамките на „Кавадаречко културно лето“. свд/бд/

Фото: МИА 

Остани поврзан