• сабота, 27 јули 2024

Детската претстава „Лакомата меца“ оваа сабота во „Ист гејт мол“

Детската претстава „Лакомата меца“ оваа сабота во „Ист гејт мол“
Скопје, 20 јануари 2022 (МИА) - Како дел од серијата зимски претстави со најубавите бајки за деца, оваа сабота со почеток во 12 часот во шопинг центарот „Ист гејт мол“, сите дечиња заедно со своите родители и семејства ќе имаат можност да ја гледаат театарската куклена претстава „Лакомата меца“,  реализирана од страна на професионални актери преку Театарот за деца и младинци на централниот плоштад на Ист гејт мол (-2 кат, кај Тинекс маркетот). Како што информираат од „Ист гејт мол“, по претставата ќе следува и читање на омилените бајки и анимација на децата и нивните семејства. - Различните светови на детската фантазија се едни од главните столбови за правилен детски развој и лоцирање на вистинските вредности уште од мали нозе. Филмската и театарската уметност, како и анимираните цртани филмови се главната база од каде што децата за првпат и најбрзо се запознаваат со разновидноста на емоциите кај луѓето, посочуваат од шопинг центарот. Оваа јануарска сабота, во склоп на претставата, најмладите посетители во „Ист гејт мол“ ќе ги очекуваат бројни детски изненадувања, како и подароци од „Книжарница Три“ и „Литература“. На 22 јануари со почеток во 17:00 часот, зимската удобна атмосфера во шопинг-центарот ќе биде збогатена со Акустичен концерт во живо „Звуците на Полифонија“, којшто ќе се одржи на Централниот плоштад во „Ист гејт мол“ (-2 кат, кај Тинекс маркетот). На 30 јануари 2022 со почеток во 12:00 часот ќе биде изведена претставата „Цветната улица“, како и ќе се читаат бајки. Додека, во последниот викенд од првиот месец од годината малите палавковци ги очекува и најзабавната дневна Лего-работилница, во организација на „Крш“ и „Ист гејт мол“. фф/лв/

Остани поврзан