• вторник, 24 декември 2024

Дескоска: Веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите

Дескоска: Веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите
Скопје, 18 април 2022 (МИА) - Јавноста со право реагира околу името на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, напиша на својот Фејсбук-профил тогашната министерка за правда Рената Дескоска, посочувајќи дека во 2019 година Министерството не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов. - Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината - согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда, пишува Дескоска. Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, појаснува таа, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш, посочува, не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов. - Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име, објави Дескоска на ФБ. мс/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан