• сабота, 23 ноември 2024

Десет терористи убиени во упад во камп на Западниот брег, соопшти израелската армија

Десет терористи убиени во упад во камп на Западниот брег, соопшти израелската армија

Ерусалим, 20 април 2024 (МИА) - Најмалку 10 лица се убиени за време на упад на израелската армија во камп на северот на окупираниот Западен Брег.

„Безбедносните сили за време на судирите елиминираа 10 терористи“ во Нур Шамс, недалеку од градот Тулкарем, соопшти армијата.

Акцијата траела повеќе од 40 часа, а осум лица се уапсени.

Израелската армија тврди дека цел на упадите се членови на палестинската вооружена група, но меѓу жртвите често има и цивили. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан