• вторник, 24 декември 2024

Десет познати уметници на годинешната 38. Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“

Десет познати уметници на годинешната 38. Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“

Охрид, 3 август 2023 (МИА) – Десет познати уметници ќе бидат дел од годинешната 38-ма по ред Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“, најстарата манифестација од тој вој во земјата.

Уметниците Јордан Манасиески од Охрид, Ставре Димитров Стадим, Запро Запров, Војдан Запров и Натали Николоска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, како и Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли од Монголија, Петар Бељашки и Велислава Пожгорска од Бугарија и Светлана Солодова – Русија во периодот од 5 до 13 август ќе творат во чест на основоположникот на Колонијата, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.

Манифестациајта ќе биде отворена задутре во уметничката галерија во село Белчишта, што беше отворена во 1985, а обновена во 2005 година.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ има најбогат фонд уметнички дела во земјава, со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот, што претставува непроценливо македонско и светско културно наследство. аб/дма/

Фото: Општина Дебрца

Остани поврзан