• сабота, 27 јули 2024

Десет години од формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој

Десет години од формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска одбележува десет години од формирањето.

На одбележувањето на десетгодишнината на ФИТР, како што е најавено, ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши,  Фестим Халили, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и Марвин Лиао, претседател на Комитет за одобрување на инвестиции.

ФИТР е основан во декември 2013 година со цел поттикнување на иновациите, преку обезбедување дополнителни извори за финансирање на иновациите заради потребата да се изгради конкурентна економија заснована на знаење.

- Во моментов, Фондот преку своите финансиски инструменти кофинансира 985 проекти со заеднички инвестиции од околу 118 милиони евра. Од портфолиото на ФИТР дури 43 отсто се стартап компании, претежно основани од млади луѓе. Со речиси 1,5 милиони евра, Фондот го поддржува и развојот на три акцелератори во државата: Х фактор,  Сивус Акцелератор и Деловно-технолошки акцелератор УКИМ, се наведува на веб-страницата на Фондот за иновации и технолошки развој. мд/вг/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан