Десетици илјади на протести во Нов Зеланд против контроверзен закон
- Над 40.000 луѓе протестираа пред парламентот на Нов Зеланд против предлог-законот за реинтерпретација на Договорот од Вајтанги, кој го дефинира односот меѓу колонизаторите и Маорите.
Велингтон, 19 ноември 2024 (МИА) - Над 40.000 луѓе протестираа пред парламентот на Нов Зеланд против предлог-законот за реинтерпретација на Договорот од Вајтанги, кој го дефинира односот меѓу колонизаторите и Маорите, јави Би-Би-Си.
Предлог-законот за Принципи на Договорот тврди дека Нов Зеланд треба да ги реинтерпретира и правно да ги дефинира принципите на Договорот од Вајтанги од 1840 година, документ кој се смета за основен за расните односи на земјата.
Противниците сметаат дека законот има за цел да ги одземе правата на Маорите, додека поддржувачите тврдат дека треба да го одрази мултикултурно општество.
Протестот кулминираше со марш во Велингтон, предводен од кралицата на Маорите, Нга Вај Хоно и те По. И покрај големиот одѕив, законот најверојатно нема да помине, а дебатите продолжуваат. ссм/
фото: принтскрин