• петок, 05 декември 2025

Десетици загинати при израелските напади врз Појасот Газа

Десетици загинати при израелските напади врз Појасот Газа

Газа, 11 септември 2025 (МИА) – Најмалку 34 луѓе загинаа во денешните израелски напади врз Појасот Газа, соопштија палестински медицински извори.

Седумнаесет луѓе загинаа во северниот дел од енклавата додека чекале да добијат хуманитарна помош.

Медицински екипи соопштија дека неколку луѓе биле убиени додека чекале помош од „Хуманитарната фондација во Газа“, но организацијата демантираше дека испратила помош во тој регион.

Израелската армија најави дека ќе го истражи случајот. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан