Деребан: Со новото законско решение за Судскиот совет очекуваме зголемување на независноста и намалување на политички влијанија
- Со новото законско решение очекуваме придобивки во однос на зголемување на независноста на Судскиот совет и намалување на можностите за политички влијанија, изјави заменик министерот за правда Ален Деребан.
Битола, 28 ноември 2024 (МИА) - Со новото законско решение очекуваме придобивки во однос на зголемување на независноста на Судскиот совет и намалување на можностите за политички влијанија, изјави заменик министерот за правда Ален Деребан.
На тркалезна маса организирана во Апелацискиот суд-Битола, Деребан потсети дека јавните расправи се за подготвување на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет со имплементирање на препораките на Оценската комисија.
-Со новото законско решение очекуваме придобивки во однос на зголемување на независноста на Судскиот совет и намалување на можностите за политички влијанија. Ние сме свесни дека за целосно надминување на состојбата и ситуацијата која се повеќе ескалира во јавноста во Судскиот совет е причинител за негативните извештаи на домашните и меѓународните фактори. За промена на целата состојба во судството не е доволна само квалитетна законска рамка, туку е потребно и доследно применување на законските решенија и почитување на етичките правила од сите чинители особено од страна на претседателот и членовите на Судскиот совет, истакна Деребан.
На тркалезните маси учествуваат судии кои како што посочи заменик министерот за правда Деребан, судиите гласно размислуваат, добиваме конструктивни предлози и мислам дека ќе добиеме одлично законско решение што ќе ја унапреди состојбата и независноста на судскиот совет.
-Овој транспарентен и инклузивен процес ќе ни овозможи да ги слушнеме мислењата, ставовите, забелешките и предлозите од страна на судиите и експертите за да може на крај да дојдеме до едно сепофатно заеднички прифатливо законско решение во кое ќе има унапредување на законската рамка со која се уредува работењето на Судскиот совет, истакна Деребан.
Серијалот тркалезни маси организирани од Министерството за правда продолжува низ сите Апелациони судови и ќе заврши до крајот на годината, а потоа ќе се изработи конечно законско решение што ќе биде предложено до Владата и Собранието. мт/сст/
фото МИА