Деребан: Одлуката на Влада за разрешување на Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата
- СООПШТЕНИЕ - На синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за правда, Ален Деребан се осврна на минатото и кажа дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има наследено држава во која не владеат Уставот и законите.

Скопје, 17 февруари 2025
На синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, заменик министерот за правда, Ален Деребан се осврна на минатото и кажа дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има наследено држава во која не владеат Уставот и законите.
„Оваа Влада наследи држава во која не владеат Уставот и законите. Држава во која секојдневно бевме сведоци на кршење на основните човекови слободи и права. Република Македонија беше доведена до степен да се декларира како држава во која владее правна несигурност со длабоко вкоренети системски криминал и корупција, кои што го разјадуваат секое здраво ткиво од општеството’’, истакна Деребан и посочи дека крајно време е да се воведе ред и правда во Македонија.
Деребан нагласи дека актуелната одлука на Влада за разрешување на ЈО Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите за тоа како да се бориме против криминалот и корупцијата.
„ Очекував и претходно да даде оставка, поради сите случувања во правосудниот систем, поради тоа што, како резултат на нивното работење ние имаме пад на индексот за перцепција за корупцијата во кој детално е нагласено дека една од основните, главните причини е не постапувањето и неажурноста на обвинителството во предметите со корупција и висок степен на криминал’’, потенцираше заменик министерот, кој додаде дека ова е една од главните причини за одлука да се разреши ЈО Коцевски.
Тој појасни дека работата на државниот јавен обвинител е да гони криминал и корупција, а не тој самиот да биде вклучен во истата.
„Јавниот обвинител наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, во претходниот период, се занимава со внатрешно пресметување со останатите обвинители и со посредување при склучување на судски спогодби, каков што беше случајот со поранешниот Врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители’’, изјави Деребан.
Деребан се осврна и на составот на Судскиот совет за кого истакна дека веќе не е кредибилен.
„Овој состав на Судскиот совет целосно го има изгубено својот кредибилитет и не може да биде носител, ниту дел од реформите во правосудството. Овој Судски совет е причина за голем број на домашни и меѓународни негативни извештаи. Исто така е причина за падот на индексот за перцепција на корупцијата, каде што е нотирано дека една од причините е лошата контрола на овој Судски совет врз судиите“, заклучи Деребан.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ