• среда, 22 јануари 2025

Ден на национална жалост во Турција, истрагата за пожарот во ски-центарот е во тек

Ден на национална жалост во Турција, истрагата за пожарот во ски-центарот е во тек

Анкара, 21 јануари 2025 (МИА) - Турција прогласи ден на национална жалост поради трагедијата што се случи во турскиот ски - центар Карталкаја, каде во текот на ноќта избувна пожар во хотел, при што загинаа 66 лица, а 51 се повредени.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја објави одлуката по состанокот на владата, нагласувајќи дека државата ќе направи се за да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за оваа трагедија.

Тим од експерти и обвинители ги истражуваат причините за пожарот, додека во рамките на истрагата се приведени четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот.

Сè уште се чекаат официјални резултати за околностите кои довеле до трагедијата. паг/

 

 

 

 

 

Остани поврзан