• сабота, 23 ноември 2024

„Ден на кралот Пеле“ ќе се одбележува во Бразил на 19 ноември

„Ден на кралот Пеле“ ќе се одбележува во Бразил на 19 ноември

 

Рио де Женеиро, 2 јули 2024 (МИА) – Бразилскиот државен врв одлучи секоја година, на 19 ноември, оваа јужноамериканската земја да го слави „Денот на кралот Пеле“, во чест на легендарниот бразилски фудбалер.

Денот на сеќавањето на Пеле ќе се одбележува на датумот на кој, според фудбалските хроничари, легендарниот Бразилец го постигнал својот 1.000 гол во славната кариера. Тоа се случи на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, на натпреварот помеѓу Сантос и Васко де Гама во 1969 година. Сантос триумфираше со 2:1, а победоносниот гол го постигна Пеле од пенал.

Во тој момент натпреварот беше накратко прекинат поради бројните навивачи кои втрчаа на теренот за да го прослават јубилејниот гол на Пеле, кој погодокот им го посвети на сите сиромашни деца низ Бразил.

Пеле почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст. Во текот на кариерата со Бразил освои три светски шампионски титули. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан