• среда, 27 ноември 2024

Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот

Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот
Брисел, 9 мај 2022 (МИА) - Европските земји денеска го слават Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во сеќавање на почетокот на создавањето на Европската Унија и завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година. Годинава се навршуваат 77 години од крајот на Втората светска војна и 72 години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европската Унија. Во земјите на ЕУ, особено е важен Денот на Европа, што означи пресвртница во односите на европските земји, но и отворање пат кон создавање заедничка држава на континентот. Во Русија пак, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна. Во Стразбур денеска ќе се затвори Конференцијата за иднината на Европа. Ќе присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон и претседателките на Европската Комисија и Европскиот Парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола. Макрон во Германија ќе има средба со канцеларот Олаф Шолц. Земјите на ЕУ, како и други европски земји, Денот напобедата над фашизмот го одбележаа вчера, додека Русија и уште некои земји, ќе го прослават денеска. Денот на победата над фашизмот се слави во знак на сеќавање на денот, кога нацистичката Германија потпиша капитулација во Втората светска војна, 1945 година. Русија секој 9 мај организира традиционална воена парада на Црвениот плоштад во Москва,  на која земјата прикажува воени достигнувања. Денот на Европа е востановен во знак на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман од 1950 година. Тоа се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ. Декларацијата беше предлог за поранешните непријатели, Франција и Германија, да воспостават нов облик на соработка, со цел, војна во Европа да не се случи повторно. Предлогот доведе до создавање на Европска заедница за јаглен и челик во 1951 година, потоа Европска економска заедница, а денешна Европска Унија. бд/јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан