Ден за финале на одбојкарскиот Куп
- Завршницата на одбојкарскиот Куп попладнево на програмата ги има финалните натпревари во женска и машка конкуренција
Скопје, 28. март 2026 (МИА) – Завршницата на одбојкарскиот Куп попладнево на програмата ги има финалните натпревари. Во претходните два дена се играа полуфиналните натпревари.
Првото финале е женското меѓу Вардар ЕМ и Наковски Волеј кое почнува во 17:30 часот, додека два часа подоцна бранителот на трофејот УГД Штип против ГОК Борец.
Голем успех постигнаа одбојкарките на Вардар ЕМ со победата од 3:0 во сетови против Газели Волеј и се изборија за своето прво финале во ова натпреварување, а за ривал во финалето го имаат тимот на Наковски Волеј кој го брани трофејот во ова натпреварување. Екипата од Струмица со 3:1 во сетови ја совлада екипата на Младост УГД за своето трето куп-финале, второ во серија.
Кај мажите УГД Штип во полуфиналето ја совлада Струмица со 3:0 во сетови и се избори за натпревар за одбрана на трофејот. За штипјани ова е трето финале во низа со можност за „хет-трик“. Нивниот ривал во финалето ГОК Борец со 3:0 во сетови го совлада Работнички и по три години повторно ќе играат во финалето.
Двата натпревара се играат во СЦ „Јане Сандански“, а влезот е слободен. Мн/
Фото: ОФМ