• сабота, 23 ноември 2024

Денови на медиумска писменост

Денови на медиумска писменост
Скопје, 19 ноември 2021 (МИА) - Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска ќе ги отвори Деновите на медиумска писменост 2021 година. Во периодот од 22 до 29 ноември, под мотото „Виртуелно или реално – правилата се исти! Да бидеме медиумски писмени“, во организација на АВМУ и Мрежата за медиумска писменост ќе се одржат повеќе настани, онлајн и/или во живо. Тие се посветени на градењето и развојот на критичката свесност кај децата и младите, но и кај други целни групи кои се директно или индиректно поврзани со нив. мд/са/

Остани поврзан