• вторник, 24 декември 2024

Денеска се навршуваат 88 години од смртта на македонскиот револуционер и поет Ганчо Хаџи Панзов

Денеска се навршуваат 88 години од смртта на македонскиот револуционер и поет Ганчо Хаџи Панзов

Велес, 19 ноември 2024 (МИА) - Денеска се навршуваат 88 години од загинувањето на Ганчо Хаџи Панзов, велешанец- македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна.

Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија.

Поради исклучувањето од велешката гимназија, заминува за Скопје каде го продолжува своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работи како поштенски службеник.

Од пролетта 1922 до првата половина од 1923 година служи воен рок во школата за резервни офицери во Скопје. Хаџи Панзов се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција.

По почетокот на Шпанската граѓанска војна во јули 1936 година, Хаџипанзов се вклучува во организирање на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да војуваат на страната на шпанските републиканци во борбата против фашистите на генералот Франциско Франко. При крајот на септември 1936 година Хаџипанзов и самиот заминува како доброволец да се бори во Шпанија против фашистите.

Бригадата брзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде во тек биле жестоки битки со фашистичките сили.

При офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град, загинува македонскиот херој Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на Шпанската граѓанска војна.

Творечката активност на Хаџипанзов е поврзана со периодот на неговиот престој во Париз. Пишувал на француски јазик , а од неговото творештво сочувана е поемата „Ќе се вратам” и неколку песни: „Бал на вентилаторите“, „Сирени“, „Алказар“, „Детството на еден град“ и „Поема за родниот град“.

Во 1961 година во книгата „На шпанската земја“ која содржи сеќавања на Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, во превод на Кирил Ќамилов  , првпат е објавена поемата на Хаџипанзов „Ќе се вратам“. ад/дма/

 

Остани поврзан