• четврток, 09 април 2026

Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени

Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени

Денвер, 5 април 2026 (МИА) - Денвер синоќа на домашен терен го победи Сан Антонио во натпревар од регуларната сезона на НБА дома, со 136:134 во продолжение.

Српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ, беше најефикасен на натпреварот со 40 поени и 13 асистенции.

Денвер го доби осмиот натпревар по ред и е четврти на табелата во Западната конференција (50-28).

Сан Антонио сега има биланс 59-19 и е втор на Запад. Лидер е Оклахома сити со 61 победа и 16 порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан