• среда, 27 ноември 2024

Демократите во САД ќе поднесат барање за импичмент на Трамп в понеделник

Демократите во САД ќе поднесат барање за импичмент на Трамп в понеделник
Вашингтон, 8 јануари 2021 (МИА) - Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат в понедленик да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија. Во верзија на поднесокот на демократите пишува: „...Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и нивните институции на управување. Тој се закануваше на интегритетот на демократскиот систем, се мешаше во мирната транзиција на власта и загрози дел од власта. Со тоа изврши предавство на својата доверба како претседател, на очигледна повреда на народот на САД“. „Затоа, претседателот Трамп, со такво однесување, демонстрираше дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако му биде дозволено да остане на функцијата и постапи на начин грубо несоодветен со владеењето на правото. За претседателот Трамп треба да има импичмент и судење, смена од функцијата и дисквалификација... “ Според медиумот, барањето за импичмент ќе го поднесат конресмените-демократи Дејвид Сицилин, Тед Лиу и Џеjми Раскин. Потегот ќе биде преземен по упадот на приврзаници на Трамп на Капитол во средата. зш/

Остани поврзан