• вторник, 24 декември 2024

Демир Капија ќе ги подобри уличното осветлување и енергетската ефикасност во јавниот сектор 

Демир Капија ќе ги подобри уличното осветлување и енергетската ефикасност во јавниот сектор 
Демир Капија, 12 октомври 2022 (МИА) - Демир Капија ќе ги подобри уличното осветлување и енергетската ефикасност во јавниот сектор, информираше попладнево градоначалникот Лазар Петров. Со денешното потпишување на договорот за реализација на потпроектот „Проширување на уличното осветлување со примена на фотоволтаичен систем за јавното осветлување”, информираше Петров, општината Демир Капија ќе ги подобри општинската услуга - улично осветлување и енергетската ефикасност во јавниот сектор. - Имено, со изградбата на нови улици, обиколницата на Демир Капија и проширување на градскиот парк, се зголеми потребата од проширување на уличното осветлување, соопшти градоначалникот Петров. Тој појасни дека локалната самоуправа се одлучила за проширување мрежата на уличното осветлување во Демир Капија, со поставување на 185 самостојни улични светилки, со примена на  фотоволтаични системи за јавно осветлување. Петров ги спомена и улиците и местата на кои ќе бидат поставени 185 фотоволтаични улични светилки. - Целта на овој проект е подобра општинска  услуга, заштита на животната средина, финанасиски заштеди, зголемена безбедност на јавните површини и улици, рече Петров. свд/цр

Остани поврзан