• вторник, 24 декември 2024

Демант од Дрин Ахмети за изјавата од Ковачки од ВМРО - ДПМНЕ

Демант од Дрин Ахмети за изјавата од Ковачки од ВМРО - ДПМНЕ

Скопје, 4 јули 2023

 

Почитувани,

Во врска со видео-изјавата на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки, објавена на Јутуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ, како и на интернет страницата на Сител Телевизија, со наслов „Ковачки: Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8“, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешна пласирана информација во јавноста. „Тхор Индустриес“ ги демантира сите невистини искажани од господинот Ковачки, а кои беа подоцна пренесени на веб страната на Сител Телевизија.

Ваквите лажни тврдења прават штета на компанијата „Тхор Индустриес“, како и на
личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети. Исто така, „Тхор Индустриес“ бара
јавно извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и господинот Ковачки, во спротивно ќе ги превземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени
од страна на господинот Ковачки.

Со почит,


Дрин Ахмети
Директор на Тхор Индустриес

Фото: Дрин Ахмети
Директор на Тхор Индустриес

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан