• понеделник, 23 декември 2024

Демант на Универзитетската клиника за детски болести за случај со починато бебе

Демант на Универзитетската клиника за детски болести за случај со починато бебе
Скопје, 23 август 2022 Во врска со случајот кој од страна на семејството беше изнесен во јавноста Стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести информира за следното: Деновиве на социјалните медиуми и во јавноста родители пласираа информација за трагичната загуба на своето бебе и притоа ја прозиваа ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје и од тие причини сметаме дека јавноста треба да ја знае и нашата страна. Прво многу ни е жал што бебето ја изгуби битката и изразуваме длабоко жалење за оваа трагедија. ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје е добро запознаена со овој случај и ја убевруваме јавноста дека е постапено согласно протоколите за дијагностика и лекување. Сакаме да потенцираме дека една од најважните информации за здравствената состојба на детето е дека е родено со Даунов синдром, а тоа значи дека е дете во здравствен ризик. Во име на вистината и во има на сите професионалци педијатри кои работат на Клиниката и исклучиво во интерес на вистината, ја споделуваме историјата на лекување. Имено, женското новороденче родено на 27.12.2021 год. чија мајка ПВ го изнесе случајот во јавноста е хоспитализирано на одделот за Неонатологија при ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје на ден 11.01.2022 година, број на историја 118/2022, на постнатална возраст од 14 дена со цел да му се направат доиследувања поради фенотипски карактеристики за Даунов синдром и систолен шум. Во тек на еднонеделната хоспитализација кај детето е направен ехокардиографски преглед со наод во прилог на голем вентикуларен септален дефект со значаен хемодинамски одраз и препорачана е терапија за срцева слабост и белодробна хипертонија, која уредно се спроведува во тек на престојот. Земен е кариотип кој ја потврди дијагнозата на трисомија 21 (Даунов синдром). Реализиран е и ултрасонографски скрининг по системи на кој не се откриени останати малформации. Новороденчето во тек на престојот беше со задоволителен внес на адаптирана млечна формула, нормални столици по конзистенција и број и пораст во телесна тежина (160 гр). Испишано е со препорака за спроведување на терапијата препорачана од педијатар кардиолог, даден е совет за исхрана, следење на телесната тежина во матичниот центар и задолжителна контрола во амбуланта за неонатологија и кардиологија, по 2 недели на која детето не е донесено. Понатаму, детето не е донесено на преглед во неонатолошка и кардиолошка амбуланта и амбуланта за ендокринологија и генетика, ниту во останатите субспецијалистички амбуланти при ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести Скопје, и ако тоа било неопходно да се направи со оглед на комплексната состојба – хромозомопатија и вродена срцева мана. На возраст од 3 месеци (04.04.2022) детето е прегледано во општата амбуланта на ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје каде се назначени иследувања (биохемиски анализи, хлориди во пот, копрокултура, ехо на абдомен) и препорачана е контрола со добиените резултати во субспецијалистичка амбуланта на која детето не е донесено. Детето е повтоно донесено на дежурство на (12.04.2022 ) констатирано е пад на CRP, поради анамнестички податоци за одрдени испитување кои не се правени на Клиниката и анамнеза од мајка која дала информација за нишки на крв во фецесот, упатена е да се јави на субспецијалистички амбуланти Доенче и метаболизам. Поради комплексноста на самата ситуација и нередовното лекување на клиниката, побарана е комплетаната документација и утврдено е дека нема евиденција за никакви прегледи ниту испитувања на Клиника за детски болести Скопје, за што целиот стручен колкегиум тоа го побара од статистиката за евиденција. Како педијатри за нас највисок приоритет е здравјето на децата. Нашиот професионален живот е посветен на лекување на деца. Тоа се наши деца, наша иднина и наш мотив за работа и за живот. Уште еднаш, искрено жалиме за загубата на бебето. ЈЗУУ Клиника за детски болести Скопје ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан