• петок, 22 ноември 2024

Дел од јавниот превоз во Анкара, Истанбул и Измир утре ќе биде бесплатен

Дел од јавниот превоз во Анкара, Истанбул и Измир утре ќе биде бесплатен

Анката, 30 април 2024 (МИА) - На 1 мај ќе биде бесплатен дел од јавниот превоз во Анкара, Истанбул и Измир, јавуваат турските медиуми. 

Жителите и гостите на трите најголеми турски градови ќе можат бесплатно да патуваат по градските железници на Денот на трудот - 1 мај, како и на 19 мај, кој е Ден на споменот на Ататурк и прослава на младите и спортот. Решението се објавува во Државниот весник (Службен весник).

Според претседателскиот декрет, на 1 и 19 мај патувањето по железничките пруги Башкентрај во Анкара, Мармарај во Истанбул и Избан во Измир ќе биде бесплатно. Бесплатно ќе биде и користењето на железничката линија Сиркеџи - Казлечеме и линијата Гајретпе - аеродром Истанбул - метро Арнавуткој во Истанбул. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан