• петок, 26 јули 2024

Дел од Центар и Чаир утре без вода

Дел од Центар и Чаир утре без вода
Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) - Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Димитрије Чуповски“ на потегот од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ до ул.„Климент Охридски“ во Општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-80мм на ул.„Димитрије Чуповски“ бр. 24 Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. Поради дефект на приклучна цевка од ф80мм на улица Џон Кенеди зг.бр.9, без вода утре од 8:30 часот ќе бидат и корисниците на Џон Кенеди зг.9 влез 1 до завршување на дефектот. фф/лв/

Остани поврзан