• среда, 25 декември 2024

Дел од фасада на зграда паднал во близина на Министерството за правда

Дел од фасада на зграда паднал во близина на Министерството за правда

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Дел од фасада на зграда паднал кај „Тобако Жак Мар“ во близина на Министерството за правда. Нема повредени лица.

Случајот е пријавен преку Единствениот број за итни случаи 112. Оттаму информираат дека потенцијална опасност претставува уште еден дел од фасадата. 

Регионалниот ЦУК Скопје ја информирал Општина Центар од каде информирале дека се излезени на терен.

- Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фададата што почнала да паѓа, се вели во соопштението од ЦУК. бак/

Фото: ЦУК

Остани поврзан