Дел од Стајковци без вода
- Без вода денеска од 12:00 часот се дел од жителите од скопското село Стајковци.

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Без вода денеска од 12:00 часот се дел од жителите од скопското село Стајковци.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „6“ без број во Стајковци.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/дма/
Фото: МИА архива