• сабота, 23 ноември 2024

Дел од скалите на Ајфеловата кула продаден за над 274.000 евра

Дел од скалите на Ајфеловата кула продаден за над 274.000 евра
Париз, 2 декември 2020 (МИА) - Дел од скалите на Ајфеловата кула со околу 14 скалила, беше продаден на аукција вчера во Париз, за точно 274.475 евра, објави аукциската куќа „Арќуријал“. Скалилата, високи скоро три метра, било дел од оригиналните скали на познатата „железна дама“ од 1889 година. Тој дел ги поврзувал вториот и третиот кат. Поради инсталирање на лифт меѓу катовите во 1983 година, било потребно да се демонтираат скалите, дел по дел. Има вкупно 24 такви зачувани низи скалила. Еден дел од нив се наоѓа на првиот кат во Ајфеловата кула, како изложен артефакт, а некои се наоѓаат и по музеите низ цела Франција или во приватни колекции. Ајфеловата кула е висока 324 метри и е еден од симболите на Париз. Изградена е од Густав Ајфел во 1889 година по повод стогодишнината од Француската револуција. Кога била изградена кулата, многу парижани ја гледале со потсмев и сметале оти треба да се урне... А, денес таа ужива углед како едно од ремек-делата на светската архитектура.  си/

Остани поврзан