• вторник, 17 декември 2024

Дел од Републиканците бараат оставка од Лиз Чејни бидејќи поддржа отповикување на Трамп

Дел од Републиканците бараат оставка од Лиз Чејни бидејќи поддржа отповикување на Трамп
Вашингтон, 13 јануари 2021 (МИА) - Влијателната републиканска пратеничка во Претставничкиот дом и шефица на пратеничката група на Републиканците во Долниот дом, Елизабет Чејни беше повика од страна на нејзините колеги - републикански пратеници, да поднесе оставка затоа што поддржува отповикување на претседателот Доналд Трамп. Чејни, ќерка на поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, изјави дека гласањето за импичмент на претседателот Трамп е прашање на совест. - Не одам никаде. Ова е гласање по совест, а во нашиот парламентарен клуб има луѓе со различни ставови за ова прашање. Нашата нација се соочува со уставна криза без преседан од Граѓанската војна. Ние мора да се фокусираме на тоа и во таа насока треба да бидат насочени нашите напори, рече Чејни. Таа оцени дека досега „никогаш немало поголемо предавство на претседателската функција и заклетва на американскиот устав од страна на американски претседател“, објави Си-Ен-Ен. Верниот сојузник и соработник на Трамп во Претставничкиот дом, пратеникот Џим Џордан, изјави денеска дека Чејни треба да биде сменета од функцијата, бидејќи поддржува отповикување на претседателот Трамп. ссм/

Остани поврзан