Дел од Општина Чаир утре без вода
- Прекин во водоснабдување утре од 9:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Топанско Поле и Чаир во Општина Чаир.
![Дел од Општина Чаир утре без вода](https://mia.mk/index.php/images/20221105114229_big_730x400_61.webp )
Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) - Прекин во водоснабдување утре од 9:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Топанско Поле и Чаир во Општина Чаир.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-300мм на улица „Џон Кенеди“ бб (во близина на Веро).
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.фф/скс/