• четврток, 25 јули 2024

Дел Нери нов тренер на Бреша

Дел Нери нов тренер на Бреша
Бреша, 4 септември 2020 (МИА) - Бреша, која годинава не избори опстанок и ја напушти Серија А, се одлучи за нов тренер. Станува збор за 69-годишниот Луиџи Дел Нери. Искусниот италијански фудбалски стручњак денес е назначен на оваа функција, се наведува на веб-страницата на клубот. Последното место на работа на Дел Нери беше Удинезе. Пред тоа, тој работеше со клубови како Емполи, Киево, Порто, Рома, Палермо, Аталанта, Сампдорија, Јувентус, Џенова и Верона. зс/

Остани поврзан