Делчевските производители се обучуваа за заштита и прехрана на растенијата од семе до плод
- Во организација на Здружението на производители на органски производи „Аронија“ во Делчево се одржа обука на тема „Заштита и прехрана на растенијата од семе до плод". Предавач на обуката беше Билјана Бановиќ од платформата ,,Траг Биљке" од Бања Лука, БИХ, која одржа онлајн едукација со производителите од делчевско.

Делчево, 27 јуни 2024 (МИА) - Во организација на Здружението на производители на органски производи „Аронија“ во Делчево се одржа обука на тема „Заштита и прехрана на растенијата од семе до плод". Предавач на обуката беше Билјана Бановиќ од платформата ,,Траг Биљке" од Бања Лука, БИХ, која одржа онлајн едукација со производителите од делчевско.
-На обуката присуствуваа локални производители и членови на „Аронија“ кои имаат свои тезги на локалниот пазар. Обуката беше задоволителна и присутните поставуваа прашања во однос на расадот и прехрана на растенијата, истакна Фиданчо Христов, претседателот на здружението.
Активноста се реализира во рамки на проектна иницијатива на Фондацијата за развој на локаната заедница од Штип.
-Проектот е наречен ,,Направи разлика, направи промена", а нашата цел со оваа обука е да направиме промена во начинот на производство и заштита на растенијата кај локалните земјоделци и членовите на здружението, додаде Христов.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од УСАИД. всдма/
Фото: МИА