Делчево ја одбележа 78-годишнината од Февруарскиот поход
- На пригодна свеченост во Делчево одбележани 78 години од успешното изведување на Февруарскиот поход кој имал големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија.
![Делчево ја одбележа 78-годишнината од Февруарскиот поход](https://mia.mk/index.php/images/20221112133703_big_730x400_73.webp )
Делчево, 27 февруари 2022 (МИА) - На пригодна свеченост во Делчево одбележани 78 години од успешното изведување на Февруарскиот поход кој имал големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија.
Поради лошите временски услови и интензивните врнежи од снег, настанот се одвиваше само пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот пред кои се поклонија и положија цвеќе делегација од Општина Делчево, делегација од Советот, пратеничката во Собранието, Соња Михаиловска, претставници од политички партии, институции, здруженија на граѓани и пред спомен плочата на Февруарскиот поход на планината Голак положија членови на Здружението на пензионери и планинари од Делчево.
Во рамки на настанот, членови од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944 година и борбените операции на Третата борбена единица во регионот на Голак, Беласица, Плачковица и Осогово.
Поради лошите временски услови и заради безбедност, беше ограничен и планинарскиот марш до Долни Балван на надморска висина од 1030 метри на кој учествуваа 50-ина младинци од ПСК ,,Голак".
Во чест на значајниот датум, на учесниците на настанот им беа доделени благодарници.вс/фф/
![Реферат КУД Гоце Делчев](/articles/images/%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%87%d0%b5%d0%b2%d0%be-%d1%98%d0%b0-%d0%be%d0%b4%d/bastJXFua/placeholder.webp?use_watermark=0)
![Пензионери положување цвеќе на Голак](/articles/images/%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%87%d0%b5%d0%b2%d0%be-%d1%98%d0%b0-%d0%be%d0%b4%d/mgwK6CgrT/placeholder.webp?use_watermark=0)