• вторник, 24 декември 2024

Делумно укинати антиковид мерките во Турција

Делумно укинати антиковид мерките во Турција
Анкара, 31 мај 2021 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се укинати некои ограничувања наметнати поради ширењето на коронавирусот. Од 1 јуни, рестораните и кафулињата ќе можат да работат под одредени мерки на претпазливост. - Полицискиот час од понеделник до сабота ќе биде од 22 до 5 часот наутро и цел ден во недела, рече Ердоган на прес-конференција по состанокот на владата. Досега, забраната за излегување во работните денови беше од 21 до 5 часот наутро и во текот на целиот ден во сабота и недела. Во април, Турција регистрираше максимално зголемување на новоинфицираните лица за еден ден. Делумно, а потоа и целосно заклучување беше воведено за околу две недели. Како резултат на овие мерки, бројот на нови случаи на инфекција дневно се намали осумпати - вчера тие беа 6.933. зш/

Остани поврзан