• среда, 27 ноември 2024

Делумното затворање на модуларната болница во Гевгелија е одложено

Делумното затворање на модуларната болница во Гевгелија е одложено
Гевгелија, 5 јануари 2022 (МИА) -  Најавеното делумно затворање на модуларната ковид-болница во Гевгелија, кое постепено требаше да се одвива по завршувањето на новогодишните празници, е одложено поради новиот наплив на заболени пациенти, потврди денеска Митко Крџев, директор на гевгелиската Општа болница. Вчерашниот рекорден број на заразени пациенти, кој во таков обем не беше регистриран во реонот на надлежност на болницата од ноември минатата година, како и неизвесноста дали напливот на нови пациенти ќе се зголемува и за време на претстојните божикни празници, придонесе наместо етапно затворање, модуларната болница да биде вклучена во комбиниран систем на третман на ковид-пациентите. --Хоспитализираните десет пациенти од модуларната болница ги префрливме на лекување во невропсихијатрискиот оддел, а модуларната болница, поради зголемениот број на болни, ја ставивме на користење за прегледи ,контроли и примање на дневни терапии на пациенти со полесна клиничка слика, рече Крџев. им/хс/

Остани поврзан