• петок, 05 декември 2025

Делови од Карпош и Центар утре без вода

Делови од Карпош и Центар утре без вода

Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците лоцирани на улиците „Будимпештанска“, „Осло“, „Љубица Георгиева“, „Бањалучка“,„Хашка“ и дел од „Женевска“ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради поради дефект на приклучна водоводна цевка и дефект на затварач од Ф-100 милиметри на улица „Будимпештанска“ бр.25.

Поради изведување водоводен приклучок Ф-80 на улица „Пиринска“ бр.31, утре без вода од 9:00 часот ќе останат корисниците од улиците „Пиринска“ и „Ленинова“ во општина Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до саниарње на дефектите. мд/са/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан