• четврток, 20 февруари 2025

Делегација од Општина Берово на информативна средба во Сплит, Хрватска во рамки на проектот ИПА Адрион ЛАНДС

Делегација од Општина Берово на информативна средба во Сплит, Хрватска во рамки на проектот ИПА Адрион ЛАНДС

Берово, 19 февруари 2025 (МИА) - Делегација од Општина Берово присуствува на првата информативна средба во рамки на проектот ИПА Адрион - ЛАНДС (Систем на сензори за земјиште и почва), чиј домаќин е градот Сплит, Р.Хрватска. Средбата како што информираше градоначалникот на општината, Звонко Пекевски  на  е организирана  од носителот на проектот РЕРА СД - Јавна установа за координација и развој на Сплитско Далматинската жупанија. 

-На средбата учествуваат сите 11 партнери од: Македонија, Хрватска, Словенија, Грција, Италија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија. Беше разговарано за   активностите кои ќе се реализираат во рамките на проектот и беше направена  координација помеѓу партнерите, информираше Пекевски. 

Општа цел на овој проект е развивање и унапредување на истражувачките и иновативните капацитети и прифаќањето на напредни технологии, преку развивање вештини за паметна специјализација, индустриска транзиција и претприемништво. 

-Конкретно, проектот сака да го поддржи создавањето и развојот на WISE (социјални претпријатија со вклученост во работата), МSP (мали и средни претпријатија) и STARTUP, базирани на употреба на нови технологии за соочување со свлечишта и суши почви, додаде Пекевски.

Проектoот ќе се реализира во следните 30 месеци. Истиот е  финансиран од Interreg VI-B Interreg IPA Adriatic Ionian Program (IPA ADRION).  вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан