• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Делегација од Општина Берово е во посета на Општина Крањ, Р.Словенија

Делегација од Општина Берово е во посета на Општина Крањ, Р.Словенија

Берово, 31 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски заедно со делегација од ТППЕ Берово е во официјална посета на Крањ, Република Словенија. Во рамките на денешната посета, како што информираше на својот фејсбук профил Пекевски се сретнал со заменик градоначалничката на Крањ, Манја Зорко, како и претставници на Советот, Цивилна заштита и противпожарната заедница на Крањ.

- На средбата со заменичката Зорко, советничката Сања Газинковски, Вид Крчмар од Цивилната заштита и Јана Поточник претседател на противпожарната заедница во Крањ,  разговаравме за можностите за идна соработка во двете општини,  во делот на противпожарна заштита, енергетска ефикасност, подобрување на комуналните услуги и  заштита на животната средина, објави Пекевски.

Делегацијата од Берово присуствувала и на тактичко-показната вежба која се одржала во оваа Општина. 

- Разменивме искуства, разговаравме за почетоците на соработката на двете противпожарни единици и присуствувавме на вежба, од највисоко ниво, на која присуствуваа Борут Сајович, Министер за одбрана и Боштјан Поклукар, Министер за внатрешни работи, во Влада на Република Словенија, додаде Пекевски.

Тој изрази надеж дека оваа посета, ќе биде само почеток за позитивни промени и воспоставување на заедничка соработка , која ќе се генерираа во успешноста на работата на противпожарната единица во Берово. вс/цр

Фото: ФБ на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан