• среда, 27 ноември 2024

Делегација од Македонскиот институтот за стандардизација во посета на Турскиот институт за стандардизација

Делегација од Македонскиот институтот за стандардизација во посета на Турскиот институт за стандардизација

Крива Паланка, 5 август 2021 (МИА) - На официјална покана на претседателот на Турскиот Институт за стандардизација Адем Шахин, делегација од Институтот за стандардизација на Северна Македонија (ИСРСМ) предводена од директорот Џеват Кицара, оствари дводневна официјална посета на Турција.

На средбата присуствуваа претседателот на Турскиот Институт за стандардизација, неговите претставници, Илхами Актурк, заменик генерален секретар,  Акиф Сесли, раководител на секторот за стандардизација, Сенџер Бујукјеген, експерт како и останатите вработени.

Во Македонската делегација предводена од директорот на Институтот за стандардизација на Северна Македонија, Џеват Кицара присуствуваше и Вилијам Христовски, советник и член на Советот на ИСРСМ. Средбата се одржа на 28 и 29 јули во Турскиот Институт за стандардизација (TSE) во Анкара, Република Турција.

Според Институтот за стандардизација на РС Македонија, оваа средба претставува особено значаен момент не само за Институтите, туку и за двете држави кои негуваат братски односи, на билатерално, регионално, европско и меѓународно ниво.

Директорот Кицара упатил благодарност и повика на натамошна продлабочена билатерална и регионална соработка, и покрај тоа што и двете држави се полноправни членки на CEN/CENELEC и Меѓународната организација за стандардизација (ISO).

-Беше истакнат придонесот што двата Институти ги даваат во рамките на членството преку усвојување и хармонизација на стандардите, како и преку можноста за вклучување во взаемни проекти и размена на искуства во рамките на Балканската конференција која беше одржана и во Анталија, Р. Турција во 2017 година,  а беа разгледани идеи и можности за претстојната конференција со верба дека ќе биде еднакво плодна и успешна и покрај последиците од пандемијата. Сите овие регионални, европски и меѓународни средби придонесуваат во јакнење на економијата и стопанството и воедно придонесуваат за добра благосостојба во општеството и заедницата, информираат од Институтот.

Директорот Кицара упати јавен повик до сите заинтересирани компании, членки на Турскиот Институт за стандардизација да дојдат и во што поголем број да инвестираат во нашата држава.

Свое обраќање на конференциската средба имаше и Наташа Петровска, како претставник во име на Институтот за стандардизација, што во континуитет ја следи работата на Институтот за стандардизација на Турција и во таа чест одржа онлајн презентација земајќи го Турскиот Институт како добар пример во регионот и пошироко во процесот на стандардизација и сертификација. На оваа работна средба беа донесени голем број заклучоци кои треба да дадат обележје на севкупната работа досегашна, но и идна. 

Директорот на ИСРСМ, Џеват Кицара и Претседателот на Турскиот Институт за стандардизација, Адем Шахин, како и претставниците од двата Институти разменија меѓусебни подароци во чест на долгогодишната взаемна соработка и непроценливата поддршка што во континуитет ја негуваат.ид/бт/

Остани поврзан