Делегација на Собранието на сесија на ПССЕ во Стразбур
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија од денеска до 24 април ќе учествува на вториот дел од редовната сесија на Парламентарното собание на Совет на Европа (ПССЕ) во Стразбур, соопшти денеска собраниската прес-служба.
Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија од денеска до 24 април ќе учествува на вториот дел од редовната сесија на Парламентарното собание на Совет на Европа (ПССЕ) во Стразбур - соопшти денеска собраниската прес-служба.
Делегацијата, како што е наведнео, е предводена од заменик-претседателката Иванка Василевска, а во состав се и Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска. Обраќања ќе имаат Денис Беќировиќ, претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина, и Жан-Ноел Баро, министер за Европа и надворешни работи на Франција.
Меѓу поважните дискусии на сесијата, според информацијата, ќе бидат дебати посветени на насилството и говорот на омраза насочени кон политичарите, целосното укинување на смртната казна, како и заштитата на слободата на религија и уверување во Европа.
- Ќе се одржи и заедничка дебата за унапредување на спроведувањето на Истанбулската конвенција, насочена кон спречување и борба против насилството врз жените. Во рамките на оваа дебата ќе придонесе и Ана Редондо, министерка за еднаквост на Шпанија, при што учесниците ќе разгледуваат начини за поттикнување на култура на согласност - соопшти Собранието на РСМ.
Дополнително, како што е наведено, ќе се одржи церемонија, на која ќе биде доделена Наградата за музеј на Советот на Европа за 2026 година на Young V&A во Лондон, посебен простор на музејот „Викторија и Алберт“ наменет за деца, млади и семејства.
- Михај Попшој, заменик-претседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Молдавија, ќе одржи презентација за работата на Комитетот на министри, извршното тело на Советот на Европа, и ќе одговара на прашања од членовите на Собранието. Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, исто така ќе одговара на прашања, а комесарот за човекови права, Мајкл О’Флаерти, ќе го претстави својот годишен извештај за активности за 2025 година - стои во соопштението.
Други точки на дневниот ред, додаваат, ќе опфатат следење на приходите од криминал, посочени од Сергеј Магнитски, справување со социјалниот дампинг и експлоатацијата на трудот, како и обезбедување ефикасно спроведување на авторските права.
Собранието треба да расправа за процедурите за избор на судии во Европскиот суд за човекови права и ќе ги разгледа своите набљудувања во врска со предвремените избори за Собранието на Косово. сс/са/
Фото МИА архива