• сабота, 23 ноември 2024

Делегација на Општина Берово го посети гробот на прерано починатиот пожарникар Жан Кофол

Делегација на Општина Берово го посети гробот на прерано починатиот пожарникар Жан Кофол

Берово, 1 октомври 2023 (МИА) – Со посета на гробот на прерано починатиот пожарникар Жан Кофол, Општина Берово го одбележа споменот на двегодишнината од неговата смрт. Активноста е дел од посетата на делегацијата од Општина Берово на Општина Нова Горица во Република Словенија.

- Жан Кофол беше млад доброволен пожарникар од Словенија кој учествуваше во гаснењето на пожарите кои избувнаа во август 2021 година, кој прерано загина по враќањето дома. Во негова чест и спомен општина Берово минатата година именуваше улица која го носи неговото име, преку која ќе се сеќаваме на неговото херојство, жртва и посветеност, истакнаа од Општина Берово

Во рамки на посетата на Република Словенија пожарникари од Берово заедно со колегите од Доброволното противпожарно друштво „Нова Горица“ реализираа повеќе активности, меѓу кои и неколку обуки за гаснење пожар на отворен и во затворен простор.

Дел од делегацијата беше и градоначалникот Звонко Пекевски кој со неговиот колега Само Турел, разговараа за продлабочување на можностите за соработка во делот на туризмот, прекуграничната соработка, противпожарна заштита и заштита на животна средина. вс/ир

Фото: Општина Берово

Остани поврзан